среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 76
home Вести

Здравство пред колапс, граѓани умираат од грип, а министерот се слика со Ципрас

Здравство пред колапс, граѓани умираат од грип, а министерот се слика со Ципрас

Венко Филипче, министерот за здравство е љубител по сликањето и објавување на слики по социјални мрежи. Тој е љубител да оди и да тера партиска агенда за време на претседателската изборна кампања наместо да се ангажира околу тоа за што е платен од граѓаните.

Откако Филипче стапи на функција министер за здравство, овој ресор започна да се тресе од низа скандали, од тендери во четири очи до експанзија на епидемија од грип и морбили.

Епидемијата од морбили се уште е во ек и се шири и по другите општини каде што прогласуваат епидемија, од почетокот на епидемијата во Скопје во декември 2018 заклучно со 29.03.2019, во државата се регистрирани 767 случаи на мали сипаници, од нив 575 се епидемиолошки поврзани и пријавени во епидемијата во Скопје. Според место на постојано живеење, случаи на мали сипаници се регистрирани во 20 градови од Македонија, од нив 521 случаи од Скопје, 63 се од Тетово, 61 од Куманово, 27 од Струга, по 18 случаи има во Гевгелија и Дебар, 15 се од Гостивар, 12 од Велес, 11 од Кичево, по 4 од Кочани и од Штип а во останатите 9 градови се регистрираат спорадични случаи. Што уште пострашно е што и здравствените работници подлегнаа на оваа епидемија, не останаа имуни.

Грипот, втор проблем по големина што ја удри државата односно здравјето на граѓаните, а Филипче молчи, не презема ништо, освен делење банални совети, да се седи дома и да се јаде овошје и зеленчук. Во текот на сезоната 2018/19, регистрирани се вкупно 23 смртни случаи асоцирани со грип, на возраст од 5 до 86 години. Најголем број од починатите лица се жители на подрачјето на ЦЈЗ Скопје (12), 3 лица се од Охрид, по 2 од Кичево и Кавадарци и по еден смртен случај е пријавен во Делчево, Тетово, Ресен и Валандово. Кај 18 лица (78,3%) е утврдено постоење на коморбидитет. Но ова не претставува проблем за министерот, како што не претставува проблем и немање лекови, материјали и опрема кои се потребни на лекарите, ниту една инвестиција не дадоа по болниците освен што се фали со донации.

По овие проблеми, на Филипче сепак приоритет му е да се слика со Ципрас или други државници од други земји, терања кампања за претседателски избори.

Коронавирус