понеделник, 28. септември 2020. Вести денес: 16
home Вести

„Здравство“: Наместо проекти во здравство, само манипулирање од страна на надлежните

„Здравство“: Наместо проекти во здравство, само манипулирање од страна на надлежните

СДСМ откако дојде на власт устата им беше полна со изградба на Клинички центар, велеа дека тоа е историска инвестиција, во неа ќе вложат доста и дека одново ќе се гради. Секој ден иста информација течеше низ етерите на телевизиите. Се бараше нова локација, се мислеше помеѓу три локации и се се затапка, се сокри проблемот за Клинички. За да вчера министерот објави по социјални медиуми дека оваа година ќе се изгради Клиничкиот центар, пишува Здравство.мк

Клинички центар, јавноста е свесна дека не се гради преку ноќ. Минатата година се ширеа шпекулации за три можни локации: Злокуќани, Бардовци и Петровец. И се уште локацијата остана енигма. За да се започне една ваква доста важна изградба како прво потребно е локација, решени имотно правни односи, елаборат, проект и изведувач. Јавноста, како што е запознаена од самиот министер, нема ништо од тоа за да започне со изградба на Клиничкиот. А, само за да се изработи елаборат и проект минимум потребни се една ипол година.

На манипулациите не им се става крај. Точно исто така вчера вицепремиерката Радмила Шекеринска при гостување на една од дебатните емисии се пофали дека во јавното здравство се вработени досега 3.200 лица. И тоа јавно здравство кое секојдневно граѓаните лично се соочуваат со проблеми низ клиниките поради недостиг на лекари и медицински персонал. Пред неколку денови во Градската општа болница  „8-ми Септември“ се затвори една од двете хируршки сали на ново отворениот Оддел за трауматологија, бидејќи има недостиг од медицински сестри и анестезиолози. Во болницата во Велес не недостасуваат само гинеколози. Од Одделението за ортопедија едниот ортопед си заминал, другиот исто така се подготвува да си оди, а за година и половина и третиот треба да оди во пензија, стои во текстот на порталот.

Хирургија исто така функционира со само еден хирург, а на Одделението за урологија доаѓаат лекари од други болници. Во Пробиштип веќе две години нема интернист, Кочани за кратко време ќе се соочи со истиот проблем, во Берово и Пехчево нема педијатар, па родителите своите деца за една вироза на преглед мора да ги носат во соседните општини, притоа патувајќи и по минимум 50 километри до најблиската здравствена установа. Во Делчево за две години ќе нема специјалисти по интерна медицина и неврологија. Во прилепската болница постои опасност од затворање на болнички оддели поради недостиг на лекари. Нема гинеколози, рендгенолози и интернисти, или, според проценките, недостасуваат околу 30 специјалисти. проблемот не е само со лекарите, зборува фактот што на Клиниката за детски болести недостасуваат уште 40 медицински сестри.

До сега се што кажа владата на СДСМ се виде дека е лага, ветувања на ветувања, трупање на непотребни лаги кои доведоа до разочарување на персоналот и на самите граѓани. Имаме неверување во исказите на одговорните, неверување во министерот Филипче, како и неисполнување на веќе дадените и потпишани обврски, како плати за специјализантите, зголемување на платите за медицинскиот персонал и слично, пишува Здравство.мк.

Коронавирус