среда, 14. ноември 2018. Вести денес: 113
home Вести

ЗДРАВСТВО: Инсулинот ќе достигне двапати повисока цена?

ЗДРАВСТВО: Инсулинот ќе достигне двапати повисока цена?

Според официјални податоци министерот Филипче вчера рекол дека нема ниту една фирма со паралелен увоз за набавка на инсулинот.  Според проценки на одредени експерти станува збор дека цената на инсулинот може да се движи до два пати поскапа, објавува Здравство.

Најверојатно идејата на министерството и на самиот министер е  дека сега инсулинот ќе биде поквалитетен, но не може да се говори дека се набавуваат неквалитетни лекови. Но да појасниме дека се што ќе се набави како лек мора да биде со квалитет според дадени критериуми. Што значи паралелниот увоз прави само конкуренција, но не и намалување на квалитетот.

Моментот кога за пациентите снема инсулинминистерството набавуваше инсулин во постапка со преговарање без претходно објавување оглас односно во четири очи. А, тендер за инсулин е објавен крај на септември, по неколку набавки во четири очи, понудите се доставени во 6 на пладне, сега моментално тече рок на нивно разгледување и оценка. Набавката, односно тендерот доцни неколку месеци.

Имено самиот министер рече дека по достава на понудите нема ниту една фирма со паралелен увоз за набавка на инсулинот.