вторник, 2. јуни 2020. Вести денес: 105
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Здравковски: Во време на пандемија, СДСМ не престанува да ги крши законите

Здравковски: Во време на пандемија, СДСМ не престанува да ги крши законите

ВИСТИНСКОТО ЛИЦЕ НА МИЗЕРИЈАТА

Почитувани сограѓани

Ова е класичен поткуп на граѓаните на Велес, нешто што се случува координирано во целата држава.
За оние што не знаат, ова се просториите на ученичкиот дом Лазар Лазаревски (Интернатот во Велес).

Случајно или НЕ, ова беше пунктот на кои граѓаните на Велес ги носеа своите донации за сиромашните, загрозените и погодени семејства од инфекцијата со Корона вирусот, за денес да видиме како овие изгубени ликови бесрамно пакуваат производи и се промовираат како големи хуманитарци.

Тука гледаме најмалку едно прекршување на закон, и сомнеж за повеќе повреди.

Прво би прашал од кои норми и закони се раководи директорот на Интернатот во Велес, поранешниот секретар на ОО на СДС Marjanco Jordanov да го отстапува овој простор што е во сопственост на Република Македонија за партиски цели и промоција на “хуманитарните” активности на овие мизерни луѓе од нивната партија, а второ и уште по сташно е сомнежот за можен грабеж на донациите од граѓаните и пренамена за според нас КЛАСИЧЕН ПРЕДИЗБОРЕН ПОТКУП од страна на кандидатите за пратеници во Собранието на Република Македонија Nenad Kocic, Љупчо Николовски и Даниела Стојанова Пановска.

Со кое лице Вие господа од СДС си земате право да го инволвирате поранешниот министер за земјоделство – докажано неспособниот Николовски кој нанесе долготрајни штети врз работата и развојот на земјоделието, а се затскривате позади Вашиот партизиран Кризен Штаб?

Ова само дополнително открива за какви манипулатори станува збор и каков ментален склоп имаат овие луѓе.
Наместо да се посветите на работа и заштита на населението од ова зло што надвисна над Република Македонија, Вие покрај тоа што препорачувате “да не се слуша што кажува опозицијата”, вие сте активно вклучени во самопромоција и танцувате со корупцијата.
Господа од СДС ова нема тука да запре, за овој Ваш потег ќе бидат известени сите институции кога ќе се ослободи судството, а претходно ќе бидете толку силно казнети од граѓаните на Велес, што нема да знаете што ве снашло.
Но во сето ова има една добра работа…

Вие успеавте да го доловите вистинското лице на МИЗЕРИЈАТА!

Фејсбук статус на претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Велес, Игор Здравковски.

Коронавирус