вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Здравковски: Власта дека нема слух докажува тоа што од неколку илјада поднесени амандмани досега во однос на сите закони, само 3-4 има прифатено владејачкото мнозинство

Здравковски: Власта дека нема слух докажува тоа што од неколку илјада поднесени амандмани досега во однос на сите закони, само 3-4 има прифатено владејачкото мнозинство

„Забелешките на Народниот правобранител и Државната комисија за спречување на корупција е дека имаме многу честа злоупотреба на европското знаменце, имаме многу закони кои што се носат по скратена постапка без никаков дијалог. Самото ова функционирање на Собранието или нефункционирање јас би го нарекол да се види од статистиките кои што ги имаме сите на располагање. Имаме една еднострана дебата или дебата само од страна на опозицијата, постојано се трудиме да ги подобриме сите овие законски измени кои што се носат без разлика на кој закон се однесува“, рече Игор Здравковски, пратеник од редовите на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ во „Утрински Брифинг“.

Здравковски додаде дека според статистиките за работата на Собранието може да се увиди дека најмногу говорат пратениците од опозицијата. А, од предложените амандмани од страна на опозицијата владејачкото мнозинство скори и ништо не прифаќа.

„Од неколку илјада поднесени амандмани досега во однос на сите закони имаме само три или четири прифатено од страна на власта. Власта и мнозинството се однесуваат како да имаат самите 2/3 мнозинство. Ништо од нивна страна не се прифаќа. А, на крајот на краиштата и нашата функција, па и нивната функција треба да е во насока за подобрување на животот на граѓаните“, рече Здравковски.

Здравковски посочи дека опозицијата гледа секој закон да го унапреди и подобри во корист на граѓаните. Но, за жал опозицијата цело време е под блокада од страна на владејачкото мнозинство.

ЕУРО 2020

Македонија