петок, 18. јуни 2021. Вести денес: 62
home Вести

Здравковски: Власта да ги поддржи предлог измените во Законот за средно образование и да запре со притисокот врз матурантите

Здравковски: Власта да ги поддржи предлог измените во Законот за средно образование и да запре со притисокот врз матурантите

СДСМ уште тера политика, на сметка на матурантите и нивната иднина. Власта да ја надмине сопствената суета и да ги поддржи предлог измените во Законот за средно образование, во кои се целосно внесени забелешките на матурантите. Предлог измените во Законот за средно образование предвидуваат матурантите оваа година наместо 4 да полагаат два предмети, македонски јазик и литература, и еден изборен предмет, кој е сроден со факултетот на кој што сакаат да се запишат, изјави на денешната прес-конференција Игор Здравковски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој псочи дека намалениот обем на матурата оваа година, е обврска за државата, затоа што учебната година почна со еден месец задоцнување, а часовите наместо 45 минути траеја 35 минути, истовремено и не сите ученици имаа пристап до интернет или средства за електронски комуникации.

-СДСМ не смее да биде пречка за иднината на матурантите. Овде не се работи за нивните фотелји, туку се работи за иднината на нашите деца. Матурантите кои протестираат имаат право и со право се гневни на системот предводен од Царовска кој е трул. Оттука апелираме и Царовска да запре со притисокот врз матурантите, кој го прави преку директорите на училиштата. Притисокот врз учениците и професорите мора да запре. Дополнително ги повикуваме пратениците од групите на останатите политички партии, кои декларативно им даваат поддршка, но наводно не се согласуваат со вака конципираниот Предлог-Закон поднесен од наша страна, да поднесат амандмани во насока на подобрување на овој Предлог-Закон, а ние сме подготвени да ги прифатиме за да изнајдеме најдобро заедничко решение. Тоа е единствениот начин на кој сите заедно би покажале разбирање за проблемите на овие млади лица кои се иднината на Република Македонија. Царовска и Заев да ги тргнат конечно рацете од матурантите, и наместо гнев, да покажат разум, нагласи Здравковски.

ЕУРО 2020

Македонија