вторник, 21. септември 2021. Вести денес: 164
home Вести

Здравковски: Пандемија има секаде и има економски раст, а кај нас само корумпирана власт

Здравковски: Пандемија има секаде и има економски раст, а кај нас само корумпирана власт

За лошата економска ситуација власта цело време бара оправдување поради пандемијата, ама секаде има корона пандемија и има економски раст и инвестиции. Албанија направи раст на бруто домашниот производ од 5,53 проценти, Косово од 5,57 отсто, Србија од 1,9 проценти, а ние негативен од 1,7 проценти, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Здравковски на собраниската дебата за ребаланс на Буџетот за годинава.

-Проблемите кај нас се ненабавување на вакцини, немање инвестиции во здрвството. За вакцините власта проба и да тргува преку фирма од Хонг Конг, па доцнеше целиот процес на вакцинирање. И за жал ова се реални причини, сето ова е поради неспособност на Владата, рече Здравковски.

Пратеникот напомена дека Македонија има 25,66 милиони евра инвестиции, а Србија 960 милиони евра.

-И тоа е така благодарение на корупцијата кај власта потврдена во извештаите на Транспаренси и Стејт департментот, тоа е поради корупција кај власта. И ситуацијата не се подобрува. Вие викате дека сте ја подобриле бизнис климата и слично, ама не е така. Инвеститори не доаѓаат во вака корумпирани земји, кога има вака корумпирана власт, рече Здравковски.

Коронавирус