недела, 13. јуни 2021. Вести денес: 85
home Вести

Здравковски до Царовска: Вашата ароганција Ве заслепува и сакате да наметнете мислење дека сега има дискриминација со нелогични примери (ВИДЕО)

Здравковски до Царовска: Вашата ароганција Ве заслепува и сакате да наметнете мислење дека сега има дискриминација со нелогични примери (ВИДЕО)

Мила Царовска очигледно Вашата ароганција Ве заслепува и дури сакате да наметнете мислење дека сега има дискриминација со нелогични примери, вели Игор Здравковски, учителот во основното училиште „Никола Карев“.

-Дали значи дека е дискриминација тоа што Вашето дете има дрон со камера (за печалба) а моето нема?
Дали е дискриминација тоа што Вашето дете има MacBook а моето нема?
Дали е дискриминација тоа што моето дете им Playstation а Вашето не?
Не! Тоа не е дискриминација, тоа се различни можности на родителите, и различен начин на задоволување на потребите и желбите на децата, но никако не станува збор за дискриминација!
Дали јас сакам да му овозможам на моето дете/Вие на Вашето било што зависи од мене/Вас и моите/Вашите можности, но никако не смеете да кажете дека е дискриминација.
Дискриминација е да им овозможите на едни едно а на други не, а притоа сте обврзани со Уставот на Република Македонија на сите да им овозможите исти услови и еднакво општество за сите!

ЕУРО 2020

Македонија