понеделник, 14. јуни 2021. Вести денес: 84
home Вести

Здравковски: Царовска да ги објасни мултимедијалните содржини на фотокопии

Здравковски: Царовска да ги објасни мултимедијалните содржини на фотокопии

Во недостаток на аргументи и немање конкретни одговори на поставените прашања од страна на наставниците, родителите, учениците и пратениците Мила Царовска го губи тлото под нозете и во паника сѐ почесто се обидува да ја спинува темата. Арогантно и инаетливо ги навредува сите, им го проценува капацитетот и кредибилитетот на пратениците, ги омаловажува родителите, ги критикува наставниците и сето незадоволство од споменати го припишува на влијанието на ВМРО-ДПМНЕ, изјави на денешната прес конференција, Игор Здравковски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

– Повторно ја потсетуваме за нашиот став изнесен многу пати. Ние ништо немаме против дигитални учебници со интерактивни и со мултимедијални содржини и со наратор по можност да биде додаден. Ние бараме печатени убаво илустрирани, модерни учебници за учениците кои ќе посакаат да ги имаат. Ние бараме да оствари тоа што во концепцијата самата го има предвидено, еднаков пристап и еднакви можности за сите во образовниот систем. Тоа со дигитални учебници за оние кои може да си ги дозволат и печатени учебници, еднакви на црно – бели фотокопии едноставно не е можно. Или накусо, Царовка да ги објасни мултимедијалните содржини на фотокoпии, всушност да го објасни принципот на „дрвено железо“. Како во така печатени учебник, кој таа го промовира, ќе се пренесат мултимедијалните содржини од дигиталниот учебник? Откако и стана јасно дека тоа не е можно сега ветува библиотечен фонд во секое училиште од таблети. Ние не и веруваме, затоа што ништо што оваа Влада што го ветила го нема остварено и длабоко сме убедени дека доколку имаше сериозна намера тоа да го стори, таа и досега ќе обезбедеше таблети за најранливите категории, истакна Здравковски.

Тој посочи дека како и кога ќе ги изготват дигиталните учебници се уште нема одговор.

– Конфузијата и неконзистентноста по изјавите, дополнително ја влошуваат состојбата и недовербата, а паниката е веќе видно присутна кај Царовска и доведе до злоупотреба на европското знаме и негово додавање на Предлог законот за измени и дополнување на законот за учебници. Злоупотреба на моќ, против сопствениот народ го промовира на најсилно можно ниво, додаде Здравковски.

ЕУРО 2020

Македонија