недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Здравков: Несериозниот однос на менаџментот ја остави штипската болница без греење во најстудените денови

Здравков: Несериозниот однос на менаџментот ја остави штипската болница без греење во најстудените денови

Срамно и недостоинствено е здравството во нашиот град, истакна на денешната прес-конференција Љубе Здравков, советник во Совет на Општина Штип од ВМРО-ДПМНЕ.

-Замислете, во 21 век, наместо од Клиничката болница да добиваме информации колку човечки животи се спасени, колку болести се навреме дијагностицирани, ние го добиваме спротивното. Во 21 век, добиваме информации дека Клиничката болница НЕ обезбедила греење за своите вработени и за пациентите од цела Источна Македонија, вели Здравков.

Советникот посочува дека несериозниот однос на менаџментот на болницата, ја остави оваа исклучително важна институција без греење и тоа во најстудените денови од годината.

-Тоа значи дека, пациентите кои ја посетуваат болницата со веќе нарушено здравје, имаат ризик од истата таа болница да излезат уште поболни. Ова е единствената здравствена институција во регионот на која и‘ е доверено здравјето на сите граѓани, и која за жал, не води сметка за основните права на пациентите. Време е штипските функционери во областа на здравството да ги напуштат своите топли канцеларии и да прошетат низ собите на Клиничката болница. Така ќе сфатат дека животот во болницата не дошол. Во болницата има само студ, ледени радијатори и пациенти кои барале здравје, а добиле болест, нагласува Здравков.

Тој додава дека затоа на најголемите гласноговорници против здравствените услови кои ги обезбедуваше претходната власт, а сега на највисоки функции во здравството, им предлагаат да преземат мерки и итно го да решат проблемот со греењето!

Коронавирус