четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 130
home Вести

Жбогар: Проекцијата за членство во 2025 година не значи прием по автоматизам

Жбогар: Проекцијата за членство во 2025 година не значи прием по автоматизам

Проекцијата за членство во ЕУ на земјите од западен Балкан во 2025 година, која што како можна ја нагласи комесарот за проширување Јоханес Хан, останува, но тоа не значи и бланко влез во ЕУ, вели амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар, во вечерашното гостување во емисијата “360 степени“, на АЛСАТ.

-Остануваме на тој став, но во стратегијата исто така се вели дека тоа нема да се случи по автоматизам. Сакаме да видиме поголема посветеност на реформите во регионот ако сакате да се остварат очекувањата од стратегијата за 2025 година. Следните месеци треба навистина да сте фокусирани да демонстрирате промени во однесувањето во однос на она што беше порано, рече Жбогар.

Коронавирус