среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Вести

Жбогар: Постојат повеќе услови освен договорот со Грција за отворање на пристапните преговори со ЕУ

Жбогар: Постојат повеќе услови освен договорот со Грција за отворање на пристапните преговори со ЕУ

Во денешната емисија „Топ Тема“ на телевизија Телма гостуваше евро амбасадорот Самуел Жбогар кој кажа дека иако Македонија го постигнала договорот со Грција за името постојат повеќе услови за отворање на престапните преговори со ЕУ.

Тој истакна дека и министрите од ЕУ минатата година кажале дека земјата мора да ги продолжи и да ги продлабочи реформите. Жбогар потенцираше дека нема многу време до јуни кога министрите на ЕУ ќе одлучуваат и дека земјата треба да покаже дека постои промена во реформите и дека реформи се постигнати.