сабота, 19. септември 2020. Вести денес: 63
home Вести

Заврши внатрепартиската анкета во СДСМ, изби кандидатот за претседател со најголем рејтинг

Заврши внатрепартиската анкета во СДСМ, изби кандидатот за претседател со најголем рејтинг

Резултатите од внатрепартиската анкета која СДСМ ја спроведува меѓу граѓаните за да оцени кој од кај нив има најголем рејтинг за да биде кандидат за претседател на Македонија покажале дека на прво место е Стево Пендаровски, националниот координатор за НАТО, објави ТВ21.

Кандидатот од претходните избори од пред пет години се чини дека повторно е најприфатлив кандидат за шеф на државата за гласачите. Ова го покажува анкетата на СДСМ направена во јавноста, а за ТВ21 го потврдуваат партиски извори. Но, иако во јавноста најголема поддршка има Пендаровски, внатре во партијата состојбата е поинаква. Како што извори за телевизијата, во СДСМ најголема поддршка од раководството има Оливер Спасовски, актуелен министер за внатрешни работи. На крајот финалето на изборот се сведува на еден од овие двајца.

 

Коронавирус