вторник, 15. октомври 2019. Вести денес: 66
home Вести

Заврши вештачењето на телефонот на Јанева

Заврши вештачењето на телефонот на Јанева

Дали специјалната обвинителка во оставка Катица Јанева била во телефонска комуникација со првоосомничениот во случајот со рекетот Боки 13 и дали ќе биде под истрага на обвинителството за организиран криминал останува неизвесно.

Оттаму засега само потврдуваат дека шефицата на обвинителството која ја води истрагата Вилма Русковска, го добила вештачењето од одземениот телефон на Јанева, а за другиот, како што беше соопштено, синот на Јанева кажал дека бил загубен во Белград.

Вештачењето на мобилниот телефон е завршено. Но, со цел да не се попречи на натамошното водење на истражната постапка, обвинителството не е во можност да сподели детали околу содржината на извештајот од вештачењето на мобилниот телефон на јавниот обвинител. Вториот мобилен телефон до овој момент не е пронајден.

Засега најсилниот доказ што Јанева ја поврзува со аферата Рекет е изјавата на обвинителката Русковска, која во интервју за емисијата „Код“, откри дека на дел од разговорите што ги воделе Камчев и Боки 13, се вклучувала и специјланата обвинителка, преку интерфон. За ова, тврди Русковска имаат и аудио и видео докази.

Точно една недела Катица Јанева ја нема во јавност. Отвори боледување на 16ти, а во отсуство на официјални информации, во јавноста се шират разни шпекулации. Последната е дека заминала во родната Гевгелија. Во СЈО немаат нови информации поврзани со Јанева, но уверуваат дека засега немаат пречки во нормалното функционирање.

Извор: kanal5.com.mk