понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 61
home Вести

Заврши судењето за „Двојник“ – вкупно 16 години затвор за осудените

Заврши судењето за „Двојник“ – вкупно 16 години затвор за осудените

Судскиот случај „Двојник” заврши со 16 години и 1 месец затвор за седум од вкупно единаесетмина обвинети. Со денешната пресудата за Фарук Буки (3 години затвор) и за Весна Колевска и Бранислава Шпишиќ (условни казни), во Кривичниот суд Скопје, заврши првостепената постапка за судскиот пред „Двојник”.

Во судската постапка иницирана од ОЈО Скопје, за издавање на патни исправи со лажен идентитет казна затвор им беше изречена и на Денис Баруфи (2 години и 7 месеци), Ален Личина (2 години и 3 месеци), Раиф Мифтари (2 години и 3 месеци), Ѓорѓе Велков (2 години), Оливера Софрониева (2 години и 5 месеци) и Шемседин Јашари (1 година и 7 месеци). За разлика од обвинетите Буки, сите други обвинети при првите рочишта ја признаа вината за извршено кривично дело „злоупотреба на службена должност”.

Судијката Оља Ристова, при изрекување на пресудите наведе дека со издавањето на лажните патни исправи е загрозен и интегритетот на системот на издавање патни исправи, а исто така, е нарушен интегритетот и безбедноста на државата. Според Обвинителството, тие во период од јуни 2017 година, па до крајот на 2020 година, правеле лажни исправи со намера да се употребат како вистински. Како застапник на обвинението во овој случај беше јавната обвинителка Спасенка Андонова.

Воедно, по однос на прво степените пресудите обвинетите имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје. (MИА)

ЕУРО 2020

Македонија