четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Заврши првата фаза од изградбата на црквата Св.Пантелејмон на Голак

Заврши првата фаза од изградбата на црквата Св.Пантелејмон на Голак

На планината Голак во Делчево заврши првиот дел од изградбата на новата црква „Св.Пантелејмон”. Како што информираше ктиторот Мите Стојковски со градежни активности ќе се продолжи во текот на пролетта 2019 година.

– Градежните работи за изградба на црковниот објект Св.Пантелејмон кој го започнавме во јуни ќе траат две години. Црковниот комплекс се гради по стар начин на градење и истиот е предвидено да биде изграден од камен. Изградбата според планираното ќе трае две години, информира Стојковски.

Ктиторот додава дека заради подобра заштита објектот е конзервиран со што градбата ќе биде заштитена од зимските ниски температури.

Според планираното предвидено е новиот црковен комплекс на Голак да располага со камбанарија, соба за крштевање и конаци се со цел црквата да остане да им служи на верниците кои ќе го посетуваат Голак, што пак од друга страна по изградбата на црквата ќе придонесе за развој на туризмот на делчевската планинска убавица.

МИА

Најнови вести

Коронавирус