петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 201
home Вести

Заврши огласот во ВМРО ДПМНЕ – за неколку дена ќе се знаат кандидатите

Заврши огласот во ВМРО ДПМНЕ – за неколку дена ќе се знаат кандидатите

Најдоцна до 5 февруари ќе се знае кој се пријавил на јавниот оглас за претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, откако вчера истече рокот за пријавување кандидатури. На 16 февруари на конвенцијата во Струга партијата ќе го избере партискиот кандидат за претстојните претседателски избори.

Засега е познато во јавноста дека кандидатури поднесоа пратеникот Владимир Ѓорчев и Филип Петровски. Во јавноста како можен кандидат се споменува и името на професорката Гордана Силјановска Давкова, но од партијата засега нема потврда дека таа се пријавила на огласот кој заврши вчера.

Извршниот одбор на СДСМ в недела ќе донесе одлука дали се за барањето на опозицијата, заедно се претседателските да се одржат и парламентарни избори. Минатата недела на состанокот на Централниот одбор беше започната процедурата за пријавување кандидати за претседателските узбори, но засега нема официјално ниту едно име.

 

Локални избори 2021