понеделник, 29. ноември 2021. Вести денес: 156
home Вести

Заврши изборната кампања, започна предизборниот МОЛК!

Заврши изборната кампања, започна предизборниот МОЛК!

Изборниот молк започна, заврши изборната кампања!

Заврши и последниот ден од предизборната кампања за локалните избори што ќе се одржат во недела. Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги известува дека по полноќ, односно од 16-ти заклучно со 19 часот на 17 октомври, важат правилата за изборен молк.

За време на молкот, медиумите продолжуваат да известуваат за изборниот процес, но престануваат сите облици на изборно медиумско претставување на учесниците во изборната кампања.

Според Изборниот законик, за прекршување на изборниот молк се смета емитувањето какви било информации, фотографии, аудио и аудиовизуелни материјали поврзани со или во кои учествуваат учесници во изборите, какви било облици на медиумско известување, кои се отворено или прикриено во функција на нечија кампања и може да влијаат врз одлуката на избирачите, податоци со кои се открива идентитетот на политички субјекти и/или поединци вклучени во инциденти или неправилности на денот на гласањето, како и изјави од кандидати во изборниот процес, од претставници на политички партии и од носители на функции во органите на власта.

Инаку, во недела на 17 октомври, на локалните избори, граѓаните на Македонија ке ги избираат своите градоначалници и општински советници, за кои веруваат дека ќе ги исполнат ветувањата што ги даваат во изборната кампања. Ден претходно, ќе гласаат припадниците на Армијата, старите и изнемоштени лица и притворениците и затворениците. Кај лицата позитивни на Ковид-19, самоизолираните и лицата во изолација гласањето ќе биде извршено со тимови составени од медицински лица. Изборите ќе се одвиваат со строги протоколи за заштита од ширење на корона вирусот.

Коронавирус