четврток, 12. декември 2019. Вести денес: 87
home Вести

Затворската полиција и Алфите во ГОБ „8-ми Септември“ го спречуваат Мицкоски, не му дозволуваат да го посети Јанакиески (ВИДЕО)

Затворската полиција и Алфите во ГОБ „8-ми Септември“ го спречуваат Мицкоски, не му дозволуваат да го посети Јанакиески (ВИДЕО)

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пристигна во ГОБ „8-ми септември“ со цел да го посети претепаниот Миле Јанакиески.

Поранешниот министер се здоби со повреди откако денес беше нападнат во притворското одделение во затворот во Шутка.

На Мицкоски  не му беше дозволено да влезе во болницата од страна на обезбедувањето. Беше пресретнат од затворската полиција и Алфите. Иако прво му беше кажано да почека, потоа му пристапија униформирани лица кои му наредија да ја напушти болницата. Сепак, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ инсистираше да го види повредениот Јанакиески.

Обезбедувачите побараа дополнително засилено обезбедување, со цел да го забранат пристапот до Јанакиески.

Освен Јанакиески, денес беше претепан и Спиро Ристовски.