четврток, 12. декември 2019. Вести денес: 87
home Вести

Затворска казна за дедото на Тамара

Затворска казна за дедото на Тамара

Апелациониот суд ја преиначи пресудата за дедото на малата Тамара од Велес, кој беше осуден на условна казна затвор за поседување оружје по признанието на вина.

Љупчо Стојановски со одлуката на второстепениот суд е осуден на ефективна казна затвор од една година.

На 11-ти јули се закажани завршните зборови за второто кривично дело „обид за убиство“.

Стојановски на 1-ви јуни минатата година пукаше во поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров. Тој се товареше за две кривични дела – обид за убиство и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.