петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 114
home Вести

„Затворете ја веќе устата“: ОК Гази Баба на ВМРО ДПМНЕ го осудува недоличниот чин на однесување на градоначалникот Борис Георгиевски

„Затворете ја веќе устата“: ОК Гази Баба на ВМРО ДПМНЕ го осудува недоличниот чин на однесување на градоначалникот Борис Георгиевски

Оние кои до вчера се претставуваа како борци за одредени права и борци за подобар живот за граѓаните, оние кои се залагаа за одржување на јавни дебати и кои ги засегаше мислењето на народот, преку ноќ станаа арогантни функционери кои сметаат дека се неприкосновени господари и дека нивниот збор треба да се последен.

По заменик министерот Јани Макрадули, градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов, сега и Градоначалникот на Општина Гази Баба Борис Георгиевски покажа крајна ароганција кон претставници на невладини здруженија и организации и загрижени граѓани за еден од најгорливите проблеми поврзан со аерозагадувањето во Општина Гази Баба, град Скопје и пошироко во Република Македонија.

Ова е само уште еден доказ за она што во неколку наврати како ВМРО ДПМНЕ го посочуваме , а тоа е дека во Градоначалникот Георгиевски спроведува самовластие и тотален хаос во Општина Гази Баба.

Немањето идеи, проекти, нереализираните ветување кон жителите на Општина Гази Баба и изневерените очекувања на граѓаните претпоставуваме дека се резултат на овој бес кој го манифестира Борис Георгиевски.

Функцијата Градоначалник треба да преставува привилегија но и огромна одговорност и посветеност да се работи за реализација на интересите и потребите на граѓаните.

Оттука како ОК Гази Баба на ВМРО ДПМНЕ и советничка група предводена од ВМРО ДПМНЕ , најостро го осудуваме ваквото однесување на Градоначалникот Георгиевски.

Со оглед на алармантната состојба со аерозагадувањето особено во Општина Гази Баба, ние даваме поддршка на иницијативата О2 и бараме стопирање на јавниот повик за давање на долготраен закуп на земјиште наменето за тешка индустрија и повикуваме на разум бидејќи последиците може да бидат големи.