недела, 31. мај 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Затворено Одделението за трансфузиологија во Охрид, персоналот бил во контакт со заразен пациент

Затворено Одделението за трансфузиологија во Охрид, персоналот бил во контакт со заразен пациент

Одделението за трансфузилогија во Охрид е затворено заради тоа што персоналот бил во контакт со лице кое како пациент  дошло преку системот „Мој термин“, а по неколку дена му се развиле симптоми и сега е дифинитивно дијагностициран со коронавирусот, информира на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

– Согласно контактот што го имало лицето со сите вработени иако не се сите во висок ризик беше донесена  одлука од страна на епидемиолозите сите десет вработени, докторите, медицинските сестри, помошниот технички персонал да бидат во домашна изолација, изјави Филипче.

Посочи дека снабдувањето со крв во Охрид не е загрозено подаи затворањето на Одделението за трансфузиологија.

Коронавирус