сабота, 15. август 2020. Вести денес: 75
home Вести

Затворениците за ТВ21: Ќе одбиваме храна се додека не бидеме помилувани

Затворениците за ТВ21: Ќе одбиваме храна се додека не бидеме помилувани

Штрајкот со глад на затворениците од КПУ Идризово, но и од затворите во Штип и Прилеп ќе продолжи. ТВ21 контактираше со дел од нив по изјавата на премиерот Зоран Заев дека нема да има општа амнестија и тие порача дека ќе одбиваат храна се додека не биде донесена одлука и тие да бидат помилувани како што тоа се најавува со дел од учесниците на насилниот упад во Собранието на 27 април минатата година.

Денеска околу 700 затвореници од „Идризово“, но и неколку затвореници во КПУ во Штип и Прилеп почнаа штрајк со глад со барање и тие да бидат амнестирани. Бараа брз одговор од Владата, но Заев порача дека нема да има општа амнестија. Воедно премиерот посочи дека пред неколку месеци Собранието изгласало закон за општа амнестија кој опфатил дел од затворениците и дека тој процес е во тек.

Затворениците вечерва со нова порака дека штрајкот со глад ќе продолжи се до исполнување на нивното барање.

Извор: ТВ21

Коронавирус