сабота, 6. јуни 2020. Вести денес: 98
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Затворениците во Идризово: Еве ги условите под кои ја поминуваме пандемијата (ВИДЕО)

Затворениците во Идризово: Еве ги условите под кои ја поминуваме пандемијата (ВИДЕО)

Видео, наводно, снимено во затворот Идризово стигна на електронската пошта на новинската агенција Флака.

„Еве ги условите под кои ја поминуваме пандемијата“, беше пораката испратена до порталот.

На видеото, кое трае околу 3 минути, се гледа дворот расфркан со отпадоци, затворска кујна која е во ужасна состојба, ходниците исто така ужасни, како и спалните соби и бањите.

Во затворот се гледаат и животни, како што е мачка која што излегува од прозорецот.

За повеќе, проследете го видеото што стигна до редакцијата на Флака.

Редакцијата не интервенираше во содржината на видеото, погледнете.

Коронавирус