петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Затворениците од затворот во Прилеп од утре почнуваат штрајк со глад

Затворениците од затворот во Прилеп од утре почнуваат штрајк со глад

Затворениците во затворот во Прилеп најавуваат дека од утре ќе почнат да штрајкуваат со глад, со нивното барање да бидат опфатени со новиот закон за амнестија и помирување кој ќе биде донесен од Парламентот, пишува новинската агенција на албански јазик ИНА.

Еден од овие осудени лица кое ја издржува затворската казна во затворот во Прилеп испратил писмо до агенцијата ИНА, потврдувајќи дека од понеделник, то ест денес, ќе започнат со нивниот штрајк со глад.

– Ќе почнеме штрајк со глад. Бараме и ние да бидеме опфатени со амнестијата и новото простување. Апелираме да се земат во предвид овие наши барања, потенцираше за ИНА, затвотеникот кој е од Скопје. Штрајкот во прилепскиот затвор доаѓа по оној во затворот во Шутка, каде што штрајкуваа затворениците од кумановската Група поради незадоволството за условите и нетрансферирањето во затворот Идризово.

Коронавирус