среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Затворени сите 50 избирачки места во Ресен

Затворени сите 50 избирачки места во Ресен

Сите 50 избирачки места во општина Ресен се затворени. До 18:30 часот своето право на глас го искористиле 30,19 отсто од регистрираните во Избирачкиот список, информира претседателот на Општинската изборна комисија Кирил Тански.

Според него, од регистрирани 16.760 гласачи во Избирачкиот список гласале 5.061 лице до 18:30 часот.

– Гласањето заврши на 50-те избирачки места. Референдумскиот ден помина одлично. Не беа забележани никакви нерегуларности, изјави Тански за МИА.

Коронавирус