петок, 14. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

Затворени 3 угостителски објекти- не ги почитувале мерките на Владата

Затворени 3 угостителски објекти- не ги почитувале мерките на Владата

По една недела од воведувањето на новите рестриктивни мерки за заштита на здравјето на граѓаните и запирање на ширењето на коронавирусот, седумте инспекциски служби во изминатите денови спроведоа вкупно 6.038 надзори и контроли.

Државниот пазарен инспекторат спроведе 4.591 контроли и 623 надзори поврзани со почитување на здравствените протоколи и закони.

При спроведените контроли, на лице место се затворени три објекти поради непочитување на Законот за заштита на населението од заразни болести и Протоколот за работа на угостителските објекти. Сите три угостителски објекти на лице место се затворени и им се изречени прекршочни платни налози.

Државниот здравствен и санитарен инспекторат од 5-ти март до 11-ти април изврши 90 надзори, врз основа на кои изрече 15 решенија.

При тоа, овој инспекторат којшто покрај вршењето на надзори во здравствените установи, задолжен е и за издавање на решенија за изолација, во посочениот период издаде вкупно 11.962 решенија за изолација и домашно лекување на лица позитивни на КОВИД-19 и лица кои биле во контакт со заболени лица од КОВИД-19, што е за 2.000 помалку споредено со претходната недела.

Коронавирус