петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 171
Во живо

ВО ЖИВО: Мини митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Демир Хисар

home Вести

Затворен угостителски објект во Скопје, работел по дозволеното време со 47 гости

Затворен угостителски објект во Скопје, работел по дозволеното време со 47 гости

На 11.01.2021 во 22,00 часот по претходна пријава дека угостителски објект лоциран на улица “Ѓорѓи Поп Христов” во Скопје работи по 18,00 часот, од страна на полициски службеници во содејство со претставници од Државен пазарен инспекторат, извршена е контрола во угостителскиот објект, сопственост на И.С.(53) од Скопје.

-Констатирано е дека во локалот се наоѓаат 47 лица, на возраст од 17 до 75 години. Затекнатите лица како и сопственикот на објекот се лишени од слобода за понатамошна постапка. Од страна на Државен пазарен инстпекторат, локалот е затворен во времетраење од 30 дена. По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик “Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”, информираат од МВР.

Локални избори 2021