сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 39
home Вести

Затворен патот Крушево-Битола

Затворен патот Крушево-Битола

Регионалниот пат Крушево – Битола од изутрината во 06:15 часот е затворен за сообраќај поради голомразица.

Забрана за движење важи за сите видови возила, соопштија ЈП Македонијапат и АМСМ.

Од 07:20 часот, пак, е укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар

Сообраќајот на сите патишта се одвива по наместа влажни коловози. Врнежи од замрзнат дожд има на планинскиот премин Буково. Дожд врне на Стража, во Битола,Прилеп,Струга,Ресен,Железнец и Велес.

Поради појава на магла видливоста е намалена до 100м на планинскиот премин Стража.

Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Коронавирус