петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 61
home Вести

Затуроска: Сугарески и Заев се фалат со „градежна експанзија”, но вистината е дека од ветените 500 километри нова автопатска мрежа нема ни траг!

Затуроска: Сугарески и Заев се фалат со „градежна експанзија”, но вистината е дека од ветените 500 километри нова автопатска мрежа нема ни траг!

Генералниот секретар на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Лилјана Затуроска преку статус на Фејсбук пишува дека Сугарески и Заев се фалат со „градежна експанзија” во делот на автопатиштата, но вистината е дека од ветените 500 километри нова автопатска мрежа нема ни траг!

-Liljana Zaturoska: Сугарески и Заев се фалат со “градежна експанзија” во делот на автопатиштата, но вистината е оваа: од ветените 500 километри нова автопатска мрежа нема ни траг!
Додека од ветената траса Волино – Охрид, како дел од автопатот Кичево – Охрид кој согласно изјавите на министерот требаше да се случи во 2019 година, во реалноста може да видите само израснати џбунови, дрва, треви и еден урнисан надвозник кај Подмоље! Целосна блокада!
Фотографиите кои прикажуваат успешни градежни проекти во други држави нема да ви помогнат во маскирање на вистината – а, тоа е дека не сте направиле апсолутно ништо во три и пол години владеење!
Нема ништо од празните ветувања на Сугарески!
#ДостаЕ! #БарамеОдговорност!
Време е за #ОбноваНаМакедонија!, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.

Liljana Zaturoska: Сугарески и Заев се фалат со “градежна експанзија” во делот на автопатиштата, но вистината е оваа: од…

Gepostet von Лилјана Затуроска – Генерален Секретар на Унија на Жени на ВМРО – ДПМНЕ am Dienstag, 16. Juni 2020

 

Коронавирус