четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 59
home Вести

Затуроска: Со измените и дополнувањата на Законот за градење јасно се дека предлагачот одработил за ваквата измена која би била од нивна голема корист

Затуроска: Со измените и дополнувањата на Законот за градење јасно се дека предлагачот одработил за ваквата измена која би била од нивна голема корист
На денешната собраниска седница, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Затуроска зборуваше за измените и дополнувањата на Законот за градење по скратена постапка за кои сериозно се дискутирало на Комисијата за транспорт и врски и екологија бидејќи во законското решение покрај усогласувањето  со Законот за прекршоци и инспекцискиот надзор има една непопуларна измена и дополнувања на законот преку членот 4 и членот 10 со кој се интервенира во член 59 став 2 од постоечкото законско решение односно  членот 87 со додавање на нов став 2.
-Согласно објаснувањата кои ги добивме на Комисијата за транспорт и врски и екологија од министерот и од одредени колеги  кои се обидуваат да му дадат соодветно образложение на измените и дополнувањата за жал истите беа неуспешни  бидејќи ваквите измени и дополнувања не можат да бидат објаснати, а се напишани во една непрецизна, нејасна форма да не може дури законодавецот кој го пишувал законот да го разбере, а камоли обичниот граѓанин. Ако е така и ако тргнеме од фактот  дека законските решенија треба да бидат јасни, прецизни, концизни, лесно спроведливи и истите не би требало да предизвикуваат дополнителни појави кои што би можеле сериозно да ги загрозат пред се граѓаните, тогаш навистина предлагачот на овие измени треба да се подзамисли и да се запраша што би случило доколку овие измени и дополнувања денес бидат изгласани од страна на Парламентот, истакна Затуроска.
Таа во своето обраќање запраша  какви ли штети може да им се нанесат на потенцијалните купувачи на станови и дали предлагачот на овие измени може да има мирна совест  знаејќи дека овозможува малверзација со една ваква измена?
-Но, за жал на овие прашања не добивме одговор  и на комисиската расправа и не беа прифатени амандманите од опозицијата и со тоа само се потврдува фактот дека пред нас имаме уште едно строго наменски измени и дополнувања на Законот за градење и ова е доволен доказ дека предлагачот одработил за некој на кој ваквата измена би била од голема корист, дали тоа се од материјална корист, дали е тоа уцена од одредени градежни моќници кои си дозволуваат се да купат за да можат да изградат објекти и тоа е еден предизборен договор – „Ние ќе ви помогнеме на ваков начин да ви удоволиме да можете да градите нерешени имотно-правни односи на парцелата, а од друга страна вие ќе  ни вратите назад на предвремените парламентарни избори, додаде Затуроска.

Коронавирус