петок, 18. октомври 2019. Вести денес: 105
home Вести

Затуроска: СДСМ за вдомување на партиски послушници од државната каса плати 135 милиони денари

Затуроска: СДСМ за вдомување на партиски послушници од државната каса плати 135 милиони денари

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Затуроска на денешната собраниска седница посочи дека се заблагодарува на пратеникот од СДСМ што сам си ги кажа аномалиите при концепирање на ребалансот на буџетот, и нема потреба за тоа сега да говори опозицијата.

-Кажавте дека сте слаби во процентот на реализацијата на капитални инвестиции, и кажавте друго дека ребалансот на буџетот, концепирање на ребалансот на буџетот и буџетот секако. Вие исклучиво ги користите строго наменски за доделување за вашите желби. Партиски желби пред се, додаде Затуроска.

Затуроска истакна дека за вдомување на партиските послушници на СДСМ заклучно со јули оваа година државата плати 135 милиони денари повеќе пари за плати и надоместоци споредени со јануари оваа година.

-Со ова економијата не отиде напред, напротив стагнира, стои на исто место. Што значи дека вие оние параметри кои што ги користите за да овозможите било каков економски раст, а што во другите земји не се користат, кажува дека тие не се клучните параметри, појасни Затуроска.

За пример го кажа странскиот капитал како еден од клучните параметри што го користат странците при развој на економијата, што е како критериум, а кај нас во Македонија претставува „fakenews“ или лажни вести.