четврток, 9. јули 2020. Вести денес: 196
МЕГА БОМБА

Еве ја целата листа: Речиси цело семејство Заеви, министри, градоначалници и функционери на СДСМ добија кривични од Боки 13

Во живо

Мицкоски ја промовира програмата на ВМРО-ДПМНЕ во Гази Баба

home Вести

Затуроска обелоденува: Каков е односот на надлежните институции кон корисниците на одреден надоместок? (ФОТО)

Затуроска обелоденува: Каков е односот на надлежните институции кон корисниците на одреден надоместок? (ФОТО)

Почитувани граѓани, дозволете да ви покажам каков е односот на надлежните институции кон корисниците на одреден надоместок. Погледнете ја дрскоста со која Фондот за здравство се однесува кон мајка која прашува зошто не и е исплатен надоместокот за породилно кога фирмата во која работи уредно и навреме го подмирува долгот кон државата.
Дрскоста им остана како знак на препознавање на “ажурноста и учтивоста” на социјал-демократите.

Ова го истакнува Лилјана Затуроска – Генерален Секретар на Унија на Жени на ВМРО – ДПМНЕ.

Нејзиниот Фејсбук статус го пренесуваме во продолжение: 

Каде е сега само-прогласената светица Мила Царовска?

Каде е нејзината “заменичка” Санела Шкријељ? Санела Шкријељ наместо да дава изјави кои се надвор од здравиот памет и целосно спротивни на она што треба да се помогне во една ситуација на пандемија, таа ја злоупотребува функцијата дополнителен заменик министер за труд и социјала, бидејќи нема технички министер кој треба да го заменува, а тоа е спротивно на Пржинскиот договор!!

Ако има малку свест и совест треба под итно да ја напушти оваа функција која нелегално ја обавува!
Каде се овие две госпоѓи да застанат во одбрана на бебињата и мајките?

Одговорот кој што го дадоа од МТСП пред неколку денови беше дипломатски и проѕирен – мајките ќе останеле на породилно отсуство додека траеле времените мерки, ама без пари?!

За што вие воопшто ги носите мерките кои би требало да помагаат, а кажувате дека не можете да исплатите надоместок заради вонредната состојба? Па, за што вие ги воведувате мерките заради вонредната ситуација, колку само нешто да се каже дека правите или можеби она што е поверодостојно: РАДИ-РЕДА?!

За какви економски мерки зборувате? На ваков начин се грижите за мајките и децата?! Каде се парите?

Во чиј џеб завршија парите наменети за бебињата? Доста со дволичностите и лицемерието на МТСП!!

За каков спокој вие говорите кога мајките немаат да ги прехранат своите бебиња?!

Да потсетиме дека дел од мајките немаат земено надоместок за два месеци наназад, значи Март и Април, ниту тие кои се на регуларно отсуство, ниту на оние на кои им е продолжено отсуството поради вонредната состојба.
Изговорот кој го даваат дека ова се случува поради ситуацијата не е валиден, бидејќи гледаме дека се врши исплата на други средства, додека мајките и бебињата се оставени на милост и немилост!

На народот му е доста од вас и вашите мајтапења и лажно душегрижништво!!

Парламентарни избори 2020