петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 147
home Вести

Затуроска: Го третирате буџетот на државата како семеен буџет, го користите само за лично богатење

Затуроска: Го третирате буџетот на државата како семеен буџет, го користите само за лично богатење

Пратеничката Лилјана Затуроска на денешната расправа за ребалансот на буџетот во Сорбаниската комисија за финансирање и буџет истакна дека власта го злоупотребува државниот буџет за лично богатење. Таа посочи дека за жал власта во изминатите три години при креирањето на буџетот се води од само една побуда, задоволување на потребите на врхушката.

-Вашата политика при креирањето на буџетот се води само од една единствена цел, задоволување на потребите на врхушката. Тимот кој што го работи буџетот и се разбира тука е господинот Зоран Заев, затоа што тој мора да има увид се разбира во се што се работи се водат од параметрите за лично богатење. За жал во овие три години буџетот вие го претворивте во семеен буџет за врхушката на власт и за нивните најблиски, вели Затуроска.

Коронавирус