петок, 10. април 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Затекнатите 114 лица може да го напуштат Дебар

Затекнатите 114 лица може да го напуштат Дебар

Лицата кои се затекнаа во Дебар, на денот на прогласувањето на кризната состојба, поради коронавирсот, од денеска може да ги напуштат капацитетите на „Дебарски Бањи-Цапа“ каде и престојуваа во изминатите 14 дена, информираше градоначалникот на Дебар Хекуран Дука, кој во исто време раководи и со Општинскиот оперативен штаб.

Според него македонските државјани веднаш си заминуваат, додека странските ќе ја напуштат земјата според предвиден протокол.

Инаку, во хотелот во Бањиште беа сместени 114 лица од неколку градови на земјава, пред се од подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше, како и од Косово, Србија, Бугарија и Шведска.

Дука информираше и за безбедносната сосотојба, која ја оцени како добра, додавајќи дека не се регистрирани никакви прекршувања.

Во општина Дебар до денес со коронаврус дијагностицирани се 43 лица (две починати), додека 208 лица се во домашна изолација, кои, според Дука, постојано се посетуваат од припадниците на МВР, со цел да се контролира колку ја почитуваат мерката да не излегуваат од нивните домови.

Упати апел до граѓаните да не создаваат гужви во маркетите, како и пред објектите каде се дели хуманитарна помош, задолжително да одржуваат социјална дистанца и да носат заштитни средства, маска и ракавици.

Информираше и за донацијата на Компанијата „Кнауф“ за дебарското јавно комунално претпријатие „Стандард“, која се состои од 30-сет комплети ХТЗ опрема, односно чизми, ракавици, маски и ПВЦ облека.

Тој искажа длабоко сочувство до семејството на вчера починатата пациентка, 66-годишната жителка од селото Баланци, општина Центар Жупа, која заедно со нејзинот сопруг беа првозаразените со овој опасен врус. Болеста им беше дијагностицирана по враќањето од Бреша, Италија.

Коронавирус