среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 20
home Вести

Застрашувачки податок – 50 % од луѓето кои се отселуваат од државата се со високо образование

Застрашувачки податок – 50 % од луѓето кои се отселуваат од државата се со високо образование

Проблемот со иселувањето на младите од државата станува се поголем и поголем. После ТВ сторијата на телевизијата ТВ 21, на истата телевизија во емисијата Клик Плус каде меѓу говорниците присуствуваше и еден сопственик на една од многуте агенции за посредување за работа во Германија од државата вели дека 50 % од младите кои имаат завршено високо образование и не можат да најдат работа ја напуштаат државата.

Тој вели дека најмногу во неговата агенција докумнети за заминување поднесуваат млади луѓе, а што е уште пострашно дека скоро поливина од тие се млади кои имаат завршено високо образование тука и не можат да најдат работа или пак работат за многу ниска плата.

На прашањето на водителот на емисисијата дали има случаи каде што млади дипломирани луѓе поднесуваат документи за заминување од државата за подобра плата и да работат било каква работа, сопственикот на агенцијата „Герман Траум„ Евлан Асани одговори: „ Да, кај нас скоро 50 отсто од оние кои поднесуваат документи за заминување се дипломирани млади луѓе.“

Коронавирус