среда, 19. февруари 2020. Вести денес: 23
home Вести

„Застава“ излета од пат, жена тешко повредена

„Застава“ излета од пат, жена тешко повредена

Жена од Пробиштип се здобила со тешки повреди во сообраќајна несреќа која се случила вчера околу 15:20 часот на регионалниот Штип-Карбинци.

Од полицијата информираат дека Г.М. (61) од Пробиштип управувајќи патничко моторно возило “Застава 128“ со штипски регистерски таблици изгубил контрола над возилото, по што возилото излетало од патот.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Ј.М.(56) од Пробиштип по што и била укажана лекарска помош во Јавната здравствена установа-Штип. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Штип, информираат од МВР.

Се работи на целосно расчистување на случајот.