среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 196
home Вести

Засилени контроли во Кочани и Виница: 156 казнети возачи

Засилени контроли во Кочани и Виница: 156 казнети возачи

Министерството за внатрешни работи вчера (23.10.) спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Кочани и Виница.

-Притоа, изречени се вкупно 156 санкции, меѓу кои 32 за измината важност на сообраќајната дозвола (нерегистрирани возила), 23 за возење без возачка дозвола,13 за пречекорување на брзина. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, соопштуваат од Министерството.

Најнови вести

Коронавирус