вторник, 19. октомври 2021. Вести денес: 0
home Вести

Засега нема потреба во полската болница на Клинички да се згрижуваат пациенти со Ковид 19

Засега нема потреба во полската болница на Клинички да се згрижуваат пациенти со Ковид 19

Во полската болница, веднаш до Клиниката за Инфективни болести се уште нема згрижено пациенти заболени од Ковид 19. Шаторите се поставени. Проектирана е да згрижи 68 лица. Директорката на Инфективната клинка д – р Милена Стевановиќ објаснува дека полската болница ги исполнува условите за непречено лекување на заболени, секако доколку целосно се пополни капацитетот на инфективното одделение на кое сега се лекуваат 60 пациенти.

„Полската болница обезбедена е со топла вода, струја, одвод, довод, како за персонал така и за пациенти, вклучувајќи и ладење и греење, но и она што е значајно, целосна размена на воздухот кој е во самите шатори. Значи има комплетен систем кој ќе го аспирира и изнесува надвор и ќе внесува прочистен и чист воздух во шаторите“, вели д – р Милена Стевановиќ, Директор на Инфективна клиника.

На просторот кај што е поставена полската болница се работи. Ќе се поставуваат монтажни објекти за нови болнички легла.

„Јас искрено се надевам дека нема да имаме потреба од активирање на болницата како и дополнителните 70 легла кои ќе бидат изградени дополнително токму на овој дел од клиниката кои треба да бидат поставени и сработени до 1 – ви мај“, додава д-р Стевановиќ.

Во болницата „8 – ми Септември“ моментално се згрижени 98 пациенти со КОВИД 19. Седум се на респиратор, за 27 се чекаат резултати откако им бил земен брис за корона вирус а 18 се позитивни. 53 пациенти се негативни на тестот, но имале симптоми на пневмонија.

Директорот на болницата Христијан Костов за Алсат рече дека капацитетите не се целосно пополнети и се уште имаат простор да примат нови пациенти доколку има потреба.

Локални избори 2021