понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 135
home Вести

Засега не се планира промена на моделот на наставата

Засега не се планира промена на моделот на наставата

Училиштата во една општина прекршуваат дел од протоколите за настава.

Која е општината и колку училишта се во прашање не сакаше да открие министерката Царовска. Само посочи дека санитарните инспектори се редовно на терен и досега направиле увид во повеќе од половина образовни установи.

И покрај забелешките од народниот правобранител и „Меѓаши“ дека наставата се организира несоодветно и неопходни се скратени часови, Царовска повтори дека протоколите ги носи Комисијата за заразни болести и само таа може да пресече дали учениците ќе продолжат да учат од дома.

-Досега се посетени повеќе од 60% од училиштата од страна на санитарниот инспекторат и има минимални прекорачувања на почитувањето на протоколите во една општина и посочување дека во некои училишта се уште се гради тековно и затоа се на онлајн настава, вели Мила Царовска, министер за образование.

За евентуалното менување на моделот на настава министерот за здравство Филипче кажа дека комисијата ќе расправа најдоцна до понеделник. Одлуката ќе зависи од анализата на заразени ученици која утре ќе биде готова.

-Сакаме да видиме прво прво по региони колку се од новодијагностицираните вакцинирани, возрасната група, односно дали има деца кои што одат во училиштата, каква е бројката на дијагностицирани деца во училиштата. Бројката е навистина мала меѓутоа ќе ги анализираме сите овие работи за да видиме дали ќе препорачаме нешто друго во однос на спроведување на наставата, истакна Венко Филипче, министер за здравство.

Одлука треба да се донесе и за средношколците од Гостивар и Тетово кои поради лошата епидемиолошка состојба учебната година ја започнаа онлајн. Оваа мерка завршува на 20-ти септември.

Локални избори 2021