сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Заради измените во законот за минерални суровини државата ќе треба да исплати 3 милијарди евра оштета

Заради измените во законот за минерални суровини државата ќе треба да исплати 3 милијарди евра оштета

Предлогот за измени во Законот за минерални суровини по скратена постапка ќе ја чини државата неверојатни 3 милијарди евра. Оваа вртоглава сума државата ќе треба да ја плати  како казна поради едностран раскин на договор, според Законот за концесии и јавно приватно партнерство, Член 45.

Предлагачи на измените во Законот за минерални суровини по скратена постапка се пратениците Лилјана Поповска, Мери Лазарова, Ивана Туферџиќ, Кети Смилевска, Горан Милевски, Павле Богоевски и Диме Велковски.

Законските измени ќе доведат до забрана на примена на цијанид, сулфурна киселина и други опасни супстанци во текот на геолошките истражувања, преработка и експлотација на минерални суровини. За производството на готови производи од минералните суровини кај одредени руди се користи цијанид и сулфурна киселина во благи дозволени количини според светски стандарди.

Овој закон според Николај Николов претседател на Македонската рударска асоцијација ќе доведе до затворање  на рудниците кои сега работат, а ќе се стави мораториум на отворање на нови рудници.

Законските измени се со вградена фабричка мана, а постои и простор за манипулација со законот за лично богатење на одредени поединци дел од власта. Во законот покрај цијанидот и сулфурната киселина се наведуваат и други опасни супстанци. Делот од законот со други опасни супстанции ќе биде оставен на толкување на надлежните и ќе отвори простор за земање мито и фаворизирање на одредени компании и затворање на други. Токму поради овој дел се јавуваат сомнежи во јавноста дека покрај не познавање на материјата и влијанието кое овие супстанци го имаат на животна околина се работи и за лични интереси.

Горенаведените предлагачи на законот тврдат дека овој закон ќе нема финансиски импликации по државниот буџет. Но сепак не кажуваат колку ќе треба да плати државата заради раскинување на договорите, кои изнесуваат вртоглави 3 милијарди евра.

Покрај 3-те милијарди евра кои како оштета ќе треба да ги плати државата од државната каса, повеќе од  12.600 вработени во рударската индустрија ќе останат на улица без парче леб со што целосно ќе замрат градовите Македонска Каменица, Кратово и Крива Паланка. Дополнително извозот од оваа индустрија изнесува 180 милиони долари годишно и директно го намалува трговскиот дефицит на Македонија.

Македонската рударска асоцијација истакна дека тие не се единствената индустрија која го користи цијанидот и сулфурната киселина и поради тоа со овој закон се целосно обесправени и ставени во подредена положба во однос на сите други индустриски гранки, но и во однос на земјоделието.

-Цијанидот го има дури и во маслата кои се употребуваат за механизацијата во земјоделието, го има во одредени прехранбени производи како солта, а опасни материи има и во средствата кои се користат за заштита на растенијата. Со еден збор насекаде, велат од асоцијацијата

Коронавирус