сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 64
home Вести

Заработка на маката на ужалените семејства?

Заработка на маката на ужалените семејства?

Kој донел одлука со која се наложува починатите со Ковид-19 да бидат погребани во лимен, па дрвен сандак, поради што семејствата се ставаат на дополнителни трошоци? На ова прашање, одговор бараат и погребалните оператори. Потврдија дека во протоколот никаде не се наведува дека починатиот треба да биде во лимен сандак, но велат на терен состојбата е поразлична. Ваквата конфузна ситуација е резултат на недереченостите во протоколот, кој во дадени моменти се коси со постоечките закони. Дополнително, се сомневаат во веродостојност на овој документ, со оглед на тоа како што велат дека истиот не е потпишан,ниту пак е архивски заверен.

-Ним им е само наложено да биде лимен ковчег и тоа од здравствените установи .никој не знае да каже од каде произлегува таа обврска. За истиот проблем е разговарано неколку пати со здравствените установи , меѓутоа од таму не добиваме никаков одговор. Или телото ќе биде ставено во лимен сандак , или воопшто нема да им биде предадено телото -изјави Дејан Стојчев-адвокат на Здружение на погребални оператори

Од ресорното министерство се децидни, велат протоколот е јасен. Болниците имаат за задача да го подготват починатото тело односно да го дезинфецираат. Понатаму постапката ја продолжува погребалниот оператор. Болниците на наложуваат тип на сандак. Истото го потврдија и директорите на неколку болници во државата И извори од Комисијата за заразни болести посочуваат дека треба да се следат протоколите. Проблемот исплива на површина кога oд штипскиот џамиски одбор јавно проговори за случај на починато лице со ковид-19, за кое едни оператори за да го погребат барале речиси 700евра, а друг тоа го сторил за речиси 250 евра. Разликата според мутавелијата се должела на тоа што вториот оператор во цената не вклучил лимен сандак. И додека се полемизира дали навистина се потребни два сандци , се поставува прашање кој ќе сноси одговорност и зошто на семејствата им се инсистира лимен сандак, без да биде наведена неговата употреба?

Коронавирус