среда, 30. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Запознаен ли е Филипче дека само еден процент ин витро се спроведува во јавното здравство?!

Запознаен ли е Филипче дека само еден процент ин витро се спроведува во јавното здравство?!

Министерот за здравство Венко Филипче предновогодишно се јави и со идеја ама сега за јакнење на здравствениот систем во јавниот сектор.

Имено денеска Филипче најави дека ќе го врати ин витрото во јавното здравство. Да, работа на секој министер е да го јакне јавното здравство и да му биде основа, но не по секоја цена. Овој проект за ин витро на лист хартија изгледа супер, а во реалноста се поставуваат милион прашалници или, има или нема, одговори. Досега најголемиот процент за ин витро оди во приватните клиники. Или од просек илјада ваучери годишно, 990 пациенти бираат приватна клиника, само 10 одат на клиника од јавно здравство. Правилниците, процедурата за доделување на ваучер за ин витро ги имаат изработено лекари кои петнаесет години наназад работат на развивање на оваа процедура, методите, а сите тие се дел од приватното здравство одамна. Но, го знае ли ова министерот?

Тој предлага детска кардиохирургија да оди во приватно здравство, или има одлука за приватна клиника што ќе го спроведува ова. И приватната клиника и државната кардиохирургија се подготвени за адултна кардиохирургија не детска и за новороденчиња. Министерот Филипче предлага трансплантациите на бубрези да се прават во приватно здравство. Од овој план на Филипче постои голем ризик доколку оваа метода се префрли во приватните болници да дојде до појава на криминализација на постапката и постои голем ризик Македонија да биде ставена во групата на земји каде што се врши продажба на органи. Оваа метода треба да се развива под контрола на сериозни институции како национален координатор и заменик национален координатор, кои што треба да бидат целосно во тек за спроведување на овие процедури. Точно дека приоритет на секој министер за здравство, така и на актуелниот Филипче е да го јакне јавното здравство, но не по секоја цена.

Искуство во детска кардиохирургија и за новороденчиња во приватно здравство е еднаква на нула. Трансплантации на бубрези во приватно е еднаква на нула. Трансплантации на срце има зачеток и во приватно и во јавно. Во приватно ги прават кадри од надвор, во јавно е направена неодамна првата најмодерна процедура за трансплантација на срце на Државна кардиохирургија спроведена од македонски лекари. Ин витро, и според бројките, откако е почнато во државава само еден процент од постапките се направени во јавно здравство. Оттука повеќето вклучени се согласни дека спроведувањето на оваа постапка треба да се остави таму каде што е, и како што е.

-Државата може само да помогне во делот на следење на сите новини, категорични се докторите кои ја прават оваа постапка.

Коронавирус