сабота, 16. октомври 2021. Вести денес: 0
home Вести

Започнаа со работа канцелариите за попишување

Започнаа со работа канцелариите за попишување

Граѓаните кои досега не биле попишани можат да отидат на одредени локации во нивните општини и да се попишат, информираат од Државниот завод за статистика.

Вакви Комисии за пописни реони, од вкупно 50 пописни региони, има на 22 места, каде граѓаните кои не успеале во изминатите 20 дена да се попишат, сега да го остварат своето право.

– Tоа се однесува на оние граѓани кои поради некоја причина не успеале во изминатите денови да остварат контакт со попишувачот, односно попишувачот поминал во нивиниот пописен круг, но не ги нашол во моментот дома, оставил или не оставил порака, едноствано не бил воспоставен контакт. – велат од ДИК.

Телевизија 24 беше во посета на една од Комисиите за попишување, во општина Аеродром, каде во општинската зграда можеше да се забележат повеќе присутни граѓани кои чекаа да се попишат, по двајца попишувачи на статистика и раководители на пописни реони.

Пописни комисии кои граѓаните ќе може да ги посетат има и во општините:

Неготино, Струмица, Ново Село, Штип, Велес

Битола, Охрид, Струга, Гостивар, Тетово

Желино, Аеродром, Бутел, Кисела Вода, Чаир

Ѓорче Петров, Сарај, Карпош, Центар, Гази Баба и Петровец

Попишувачите велат дека се задоволни од одзивот на граѓаните во однос на попишувањето. Велат има интерес од страна на граѓаните кои доаѓаат да се попишат, и дека најчесто се работи за граѓани кои треба да патуваат пред 30 септември. Попишувачите на статистика продолжуваат со работа и на терен, од 8 до 20 часот.

Според податоците на статистика, заклучно до 20 часот вчера попишани се вкупно 1.460.552 лица. Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 195.477 лица. Вчера од Влада и статистика апелираа до останатите во земјава и до сите во дијаспората кои досега не се попишани да го сторат тоа.

Коронавирус