понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 128
home Вести

Започна селекцијата за новите полицајци

Започна селекцијата за новите полицајци

Денеска го посетив Центарот за обука во Идризово, каде е во тек селекцијата на пријавените кандидати за полициски службеници на последниот објавен оглас од минатиот месец, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

-На огласот за прием на 600 извршители на работното место – полицаец, согласно пропишаните нормативни критериуми и направените административни проверки по однос на бараната документација, се пријавија вкупно 2.391 кандидат, од кои 1.940 мажи и 451 жени.  Сите тие ќе ги минат задолжителните и стандардизирани физички проверки, по што ќе се продолжи со следните етапи, односно фази на испитување: психолошки проверки, поточно проверки на интелектуалните предиспозиции; општо-образовно тестирање; интервјуа со секој кандидат; потоа безбедносни проверки, како и задолжителни здравствени прегледи, истакна Спасовски.

По завршувањето на сите овие проверки, ќе биде направено конечното рангирање после кое, согласно Законот за внатрешни работи 660 избрани кандидати, односно за 10 проценти повеќе од предвидената бројка на барани извршители ќе бидат упатени на основна обука за полицаец. На пријавените кандидати им посакувам успех, рече Спасовски.

Коронавирус