четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 1
home Вести

Запленетата белвица од рибокрадците завршува на маса кај охридските затвореници

Запленетата белвица од рибокрадците завршува на маса кај охридските затвореници

Господски живот на затворениците од Казнено поправната установа Затвор Охрид,се хранат како богови –со највкусната риба,белвицата која ги задоволува апетитите дури и на најпребирливите гурмани.Бидејќи Охридското езеро нема стопан, рибата од мрежите кои ги запленува полицијата, се носи во охридскиот затвор. Директорот на установата потврди дека на осудениците им принесуваат богата трпеза исклучиво од белвици, оти им било страв да не им залетне од другите риби кои завршуваат како улов. Спортските риболовци гневни ендемичните видови риба пастрмтката и белвицата се пред истебување велат и треба да се стават на црвената европска и светска листа на загрозени, пренесува АЛФА.

Државата го остави Охридското езеро без концесионер,една година никој не се грижи за зачувување на рибниот фонд-напротив бидејќи стопан нема, се врши масовно рибокрадење а никој до сега не одговарал за недозволен риболов, иако тоа е кривчно дело според член 229 од кривичниот законик.Полицијата само ги запленува мрежите, а уволената риба се носи во охридскиот затвор.

Оваа година од страна на надлежните институции не е поднесена ниту една кривична пријава против познат сторител.Сите кривични пријави што се поднесени од страна на полицијата се против непознат сторител.Тоа нема да го сузбие недозволениот риболов односно рибократството.Мора да се штити рибниот фонд, да се поднесуваат пријави против познати сторители, а не само да се прибираат мрежите и рибата да завршува во затворите мора под итно нешто да се превземе-рече Радован Димитриески-С.Р.Д. “Свети Апостол Павле”.

Целиот текст може да го прочитате на АЛФА.

Најнови вести

Коронавирус