недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 57
home Вести

Запалени стрништа на патниот правец Црник – Пехчево, годинава вкупно 70

Запалени стрништа на патниот правец Црник – Пехчево, годинава вкупно 70

Покрај евидентираните повеќе од 70 пожари од почетокот на годинава во беровско и пехчевско, не престанува појавата на палење стрништа, што е една од најчестите предизвикувачи на огнени стихии. Последното палење стрништа денеска е забележана на патниот правец Црник – Пехчево, што беше причина надлежните повторно да апелираат под итно да престанат ваквите појави.

-Пожарите најчесто се резултат на палењето стрништа и земјоделски површини, што поради временски услови кои се погодни за пожари, брзо ги зафаќаат и шумските површини. Поради палењето стрништата, често гори и борова шума, овошни насади, багрем, нискостеблеста деградирана шума во приватна и државна сопственост. Поради тоа под итно апелираме оваа појава да престане, бидејки пожарите во изминатите 30 дена направија пустош во Малешевијата, велат од Територијалната противпожарна единица Берово, од каде најчесто ги гаснат пожарите и во делот на пехчевскиот регион.

Поради ваквите појави кои преовладуваа во текот на март, заседаваа и кризните штабови, од каде беше посочено дека само со казни за сторителите, може да се одбегнат пожари од поголеми размери.

Пожарите во март во Малешевскиот регион се незапаметени во поновата историја. Претходниот месец само на подрачјето на Беровско се гаснеа над 50 пожари во кои изгоре над 2.000 хектари шума. (МИА)

Коронавирус