вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 206
Во живо

Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Лисиче

home Вести

Занимавањето на СДСМ со работата на ВМРО-ДПМНЕ, параван за криење на расколот во СДСМ- се повеќе се бара оставка од Заев

Занимавањето на СДСМ со работата на ВМРО-ДПМНЕ, параван за криење на расколот во СДСМ- се повеќе се бара оставка од Заев

Расколот во партијата на Зоран Заев е се поголем откако тој преку изборен инженеринг сака да ја формира идната влада на Македонија.

Црната кампања и хорското пеење за работата на ВМРО-ДПМНЕ во изминатиов период ја водеше само еден единствен диригент од Бихачка кој преку овој начин на водење на кампања не сака да ги признае сопствените слабости на партијата.

Инаку внатре во партијата се повеќе гласно се зборува дека на Заев му се замерува што криминалот во партијата станало професија и се повеќе се осилувало скопското крило на СДСМ, по што на ова се спротиставило струмичкото лоби на кое се гледа како на криминално.

Заев мора да падне“, се само дел од внатрепартиските коментари.

На Заев инаку во партијата му замеруваат веќе со години дека не се направени никакви кадровски промени и освежувања, тие велат и дека долго најавуваната „метла“ на Заев никаде ја нема.

Во СДСМ немаше ниту еуфорија од резултатите на изборите, ниту славење затоа што на секого му е јасно дека ова не е резултат за победа, а дел од внатрепартиските коментари биле и дека БЕСА го спасило СДСМ од пораз.

За потсетување пред само еден месец Зоран Заев тврдеше дека ќе победи со над 120 илјади гласови разлика и 10 пратеника, за да на крајот народот го казни на изборите кои се одржаа минатата среда.

 

Имено во интервју за телевизија 21 Заев на 11 јуни тврдеше дека време е ДУИ да замине во опозиција, а ВМРО-ДПМНЕ ќе го победи со над 72, т.е 120 илјади гласови разлика.

– Пред една година кажав ќе ги победиме ВМРО ДПМНЕ со разлика од 60 000 до 120 000 гласа. Ако водиме четири отсто, како што вели ВМРО ДПМНЕ, тогаш тоа е 72 000. Иако ние водиме со шест проценти. Сите се за избори, буквално сите партии, освен ВМРО ДПМНЕ. Сега не сакаат ниту парламентот да се врати да работи, ниту сакаат избори. Ние очекуваме да имаме предност од 6 до 10 пратеници, тоа се бројките, до партиите стигаат истите бројки. Затоа не сакаат избори, сето друго е изговор, изјави тогаш Заев.

Сепак оваа негова изјава и прогноза паднаа во вода минатата недела на парламентарните избори кога Заев не направи разлика во „ветените“ 10 пратеници, а тоа е доказ дека дојде време кога народот го казни Заев.

Локални избори 2021