четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 99
home Вести

Заменик-министерот Лазовски учесник во сообраќајка

Заменик-министерот Лазовски учесник во сообраќајка

Мотоциклист е повреден во сообраќајна несреќа што се случи попладнево на крстосницата кај Собранието и Градската болница „Наум Охридски” во Скопје. Како што неофицијално дознава mkd.mk , во сообраќајката учествувал и заменикот-министер за култура, актерот Владимир Лазовски кој го управувал автомобилот.

Моторциклистот чиј идентитет за сега не е познат е полесно повреден. Неофицијално, по прегледите во болница тој се вратил на местото, каде што полицијата врши увид.

Според МВР, во сообраќајката учествувале мотор и возило пежо кое го управувал Лазовски.

Повеќе детали од таму најавија за подоцна.

Коронавирус