понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Заложби за правата на самохраните родители: Прифатени амандманите на Панова и Муцунски

Заложби за правата на самохраните родители: Прифатени амандманите на Панова и Муцунски

Уште на почетокот на мојот мандат ветив дека ќе се залагам на правата на САМОХРАНИТЕ РОДИТЕЛИ! Заедно со колегата Тимчо Муцунски денес поднесовме 3 амандмани на Предлог законот за финансиска поддршка на граѓаните и ИСТИТЕ БЕА ПРИФАТЕНИ, пишува Ели Панова од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува нејзиниот Фејсбук статус:

Сметавме дека ќе биде направена голема неправда врз Самохраните родители во Предлог законот за финансиска поддршка на граѓаните и предложениот закон не ги опфаќа СИТЕ самохрани родители.

Имено предложениот закон:

-ИМАШЕ ОГРАНИЧУВАЊЕ па правото да добијат еднократна парична помош од 6.000 денари, ќе го имаа само тие што за периодот јануари-август 2020 година оствариле доход во нето износ не поголем од 120.000 денари.

  1. Поднесовме АМАНДМАН со архивски број 08- 3889/7 КОЈ БЕШЕ ПРИФАТЕН , па благодарение на ВМРО-ДПМНЕ вакво ограничување повеќе нема!

– НЕ БЕА ОПФАТЕНИ Самохраните родители кои користат парични права од социјална заштита и заштита на деца, како и услуга од социјална заштита ( разведени родители кои примаат некаков додаток )!

  1. Поднесовме АМАНДМАН со архивски број 08- 3889/9 КОЈ БЕШЕ ПРИФАТЕН , па благодарение на ВМРО-ДПМНЕ сега и Самохраните родители кои користат парични права од социјална заштита и заштита на деца, како и услуга од социјална заштита. Истите се опфатени со Законот за заштита на децата ( разведени родители кои примаат некаков детски додаток )

3.Поднесовме АМАНДМАН со архивски број 08- 3889/8 КОЈ БЕШЕ ПРИФАТЕН , па благодарение на ВМРО-ДПМНЕ техничко се усогласени и надлежните институции кои ќе ги достават потребните податоци, со цел да бидат опфатени што е можно повеќе самохрани родители со оваа мерка!

Благодарност за разбирањето на сите присутни пратеници и од власта и од опозицијата кои гласаа за овие амандмани!

Коронавирус